Пронајдена е малолетната кичевка пријавена за исчезната

Како што известува портпаролот на СВР – Охрид Стефан Димоски, девојчето синоќа било пронајдено околу полноќ.

104

Пронајдена е 15-годишната кичевка по која трагаше полицијата по пријава од нејзината мајка.

Како што известува портпаролот на СВР – Охрид Стефан Димоски, девојчето синоќа било пронајдено околу полноќ.

– На 13 јануари оваа година, во 15 часот во полициската станица во Кичево, У.С.44 годишен од Кичево пријавила дека нејзината 15-годишна ќерка исчезнала. Полициската станица Кичево презела мерки и малолетничката била пронајдена синоќа – изјави Димоски.