Приведен кавадарчанец кој извршил 127 кривични дела и едно убиство во обид

И.С., изјави денеска портпаролот на МВР Тони Ангеловски, ги извршил сите овие дела во периодот  од мај до септември во повеќе градови од државата.

122

Струмичката полиција вчера во 10 часот го привела И.С. (37) од Кавадарци осомничен за сторени повеќе кривични дела тешки кражби и тешки кражби во обид во станови во повеќе градови во државата, како и кривично дело убиство во обид.

И.С., изјави денеска портпаролот на МВР Тони Ангеловски, ги извршил сите овие дела во периодот  од мај до септември во повеќе градови од државата.

– Вкупно 127 кривични дела од кои 110 тешки кражби, 15 тешки кражби во обид, една кражба и една разбојничка кражба. Делата се извршени на ист начин со кршење на цилиндри на брави од влезните врати, влегувал во станови и најчесто одземал пари и златен накит, но и други предмети- појасни портпаролот на МВР.

При извршен личен претрес кај И.С. биле пронајдени и одземени мобилен телефон, клучеви и фолии за отворање блиндер врати, француски клуч за кршење цилиндер брави, пари и други предмети.

Ангеловски информира дека кавадарчанецот се сомничи и за убиство во обид.

Полициската станица Кавадарци поднела кривична пријава против И.С. поради основано сомнение дека сторил кривично дело убиство во обид.

– И.С. на 6 јуни 2018 околу 11 часот по телефон и се јавил на неговата пријателка Р.А. која била во село Сопот и со такси-возило ја земал и ја однел во село Бегниште. Кога заминале кон гробиштата во селото Р.А. му кажала дека е бремена по што И.С. извадил нож и ја прободел во стомакот- појасни портпаролот во МВР.

Во текот на денот И.С. ќе биде изведен пред судија на претходна постапка во Судот во Велес.