дома Македонија Пожарникари спасувале момче качено на дрво на Партизанска

Пожарникари спасувале момче качено на дрво на Партизанска

Момчето се качило на дрвото со помош на другарите кои потоа го оставиле и заминале. Момчето било качено на 3,5 метри на дрвото, а спасувањето траело од 01:30 до 02:10 часот.

155

Противпожарната бригада на Град Скопје ноќеска по еден часот интервенирала при спасување на 18-годишно момче кое се качило на дрво на улицата „Партизански одреди“ бр. 85, јавува МИА.

Момчето се качило на дрвото со помош на другарите кои потоа го оставиле и заминале. Момчето било качено на 3,5 метри на дрвото, а спасувањето траело од 01:30 до 02:10 часот.

Во спасувањето учествувале тројца пожарникари.

Од полициската станица во Карпош не сакаа да дадат повеќе детали на случајот.