Повреден работник на утоварна машина

Повредениот Н.Ј., по укажаната помош во гостиварската болница „Ферид Мурад" e пренесен на скопските клиники.

28
Профимедиа

Работник добил скршеница на нога при пад на утоворна машина откако загубил контрола. Несреќата се случила вчера во селото Топлица, вчера околу 15 часот.

Педесет и девет годишниот Н.Ј. од Долна Бањица работејќи со утоварната машина (јумба) во близина на бензинска пумпа изгубил контрола над машината, и паднал. При тоа, машината продолжила да се движи и со предниот дел удрила и го оштетила агрегатот за електрична енергија на бензинската пумпа.

Повредениот Н.Ј., по укажаната помош во гостиварската болница „Ферид Мурад” e пренесен на скопските клиники.