Повреден лимар кој паднал од висина од 3.5 метри на бетонски под

Тој со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Клиничката болница Штип каде му биле констатирани тешки телесни повреди, по што поради сериозноста на повредите бил пренесен во комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.

71

Лимар вчера при изведување градежни работи на станбен објект во Штип, паднал од висина од 3,5 метри на бетонски под.

Тој со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Клиничката болница Штип каде му биле констатирани тешки телесни повреди, по што поради сериозноста на повредите бил пренесен во комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, соопштуваат од Министерството за внатрешни работи.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Штип.