Починала прилепчанка откако била удрена од товарно возило

Од ударот С.П. се здобила со тешки телесни повреди и била пренесена во Градската болница-Прилеп, каде околу 15.20 часот починала.

221

Прилепчанка починала откако во неа удрило товарно возило, соопштуваат од Министерството за внатрешни работи.

-Вчера околу 09.40 часот на крстосницата од булеварот „Гоце Делчев“ со улицата „Ристо Секирчанец“ и улицата „Јоле Андоноски во Прилеп“, С. Т. од Прилеп, управувајќи товарно возило „киа бета“ со прилепски регистарски ознаки, удрил во пешакот С.П. (71) од Прилеп. Од ударот С.П. се здобила со тешки телесни повреди и била пренесена во Градската болница-Прилеп, каде околу 15.20 часот починала-велат од МВР.

Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициската станица Прилеп. По наредба на Јавен обвинител, телото на починатата ќе биде предадено за обдукција.