Пивоваров: Ние имаме само корист од скандалот со албанските разузнавачи

Едноставно, не постои други објаснување, освен дека албанските разузнавачи постигнаа спектакуларен автогол, објаснува Пивоваров.

2510

Националниот координатор за гранично управување во Владата на Македонија, Владимир Пивоваров, објаснува дека по објавувањето на имињата на албанските разузнавачи, најголема корист ќе имаат токму земјите во кои работеле овие агенти, вклучувајќи ја и Македонија.

– Најголемата штета ќе ја има Албанија, бидејќи загубата на цела разузнавачка мрежа претставува најголем срам за една држава. Не можам да разберам како тамошните разузнавачи си дозволиле ваков пропуст, бидејќи јасно е дека ваквите информации што беа објавени за нив се сметаат за строго доверливи и за најтајни. Апсолутно се согласувам со загриженоста на НАТО, бидејќи овој скандал со ШИШ може со себе да повлече и други скандали. Во секој случај, Македонија во моментов не се соочува со никакви потенцијални закани, туку напротив, има добивка. Со други зборови, македонските тајни служби на тацна од Албанија го добија сето она што тие самите требаше да го детектираат. Едноставно, не постои други објаснување, освен дека албанските разузнавачи постигнаа спектакуларен автогол – објаснува Пивоваров.