Пет американски конгресмени на средби во македонското Собрание

Утре когресмените Коноли, Титус, Дејвис, Прајс и Флорез ќе бидат запознати со активностите на Парламентарниот институт.

71

Петмина американски конгресмени денеска и утре се во посета на македонскиот Парламент.

Станува збор за конгресмените Гери Коноли, Дина Титус, Сузан Дејвис, Дејвид Прајс и Бил Флорез. Тие денеска, според собраниската агенда,треба да остварат средба со претседателот на Собранието Талат Џафери, со тројцата потпретседатели, како и со координаторите на пратеничките групи на СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ, БЕСА и генералниот секретар на Собранието Цветанка Иванова.

Потоа предвидено е американските конгресмени да имаат разговори и со претседателите на повеќе собраниски комисии. Поединечни средби ќе имаат со претседателите и членовите на комисиите за одбрана и безбедност и за деловнички и мандатно-имунитетни прашања, а ќе се сретнат и со членките на Клубот на жени пратенички.

Утре когресмените Коноли, Титус, Дејвис, Прајс и Флорез ќе бидат запознати со активностите на Парламентарниот институт.