Патот Приштина – Скопје денеска и утре затворен за сообраќај

59

Магистралниот пат од Качаник до Генерал Јанковиќ, односно до граничниот премин Блаце меѓу Косово и Македонија денеска и утре ќе биде затворен за сообраќај поради градежни активности на автопатот „Арбен Џафери” што ги поврзува Приштина и Скопје, јавува дописникот на МИА од Приштина.

Министерството за инфраструктура на Косово информира дека патот што ги поврзува Приштина и Скопје денеска ќе биде затворен од 9 до 12 и од 14 до 17 часот, а утре од 9 до 17 часот.