Палмер во Македонија на средби со државниот врв и партиските лидери

Тој ќе учествува на прославата на Илинден во Крушево и ќе се сретне со официјални претставници на локалните власти надвор од Скопје.

46

Вршителот на должност заменик- помошник државен секретар на САД за Европа и Евроазија, Метју Палмер од денеска до 3 август ќе престојува во посета на Македонија во рамките на која ќе ја ја изрази поддршката на Вашингтон за Договорот со Грција за решавање на спорот со името, како и за прогресот на земјата кон членството во НАТО и во ЕУ, соопшти Американската амбасада во Скопје.

За време на престојот во земјава Палмер ќе се сретне со претседателот Ѓорге Иванов, со премиерот Зоран Заев и со лидери на политички партии.

Тој ќе учествува на прославата на Илинден во Крушево и ќе се сретне со официјални претставници на локалните власти надвор од Скопје.