дома Македонија Откриен извршителот на тројното убиство во Дебар

Откриен извршителот на тројното убиство во Дебар

Сопружниците Поцеста речиси три децении со своите три ќерки живеле и работеле во Италија, а во родниот крај вообичаено, како и секоја година, доаѓале за време на летниот одмор.

402

Фото: Плусинфо

Извршител на тројното убиство во семејството Поцеста во Дебар е Б.П., блиска роднина на семејството, утврдила истрагата која е веќе завршена, наведува Судство.мк.

На убиецот индиректно му помогнале две лица, едно од Гостивар, познато на полицијата по проблематичното однесување, кое и помагало во превозот, и едно од Дебар, кое го обезбедило пиштолот со кој се убиени тројцата дебaрчани.

Тројцата се веќе уапсени и им е изречена мерка притвор во траење од 30 дена.

Инаку, Амит (54), неговата сопруга Назмије (53) и нивната ќерка Анила (14) Поцеста беа застрелани со пиштол на 26 минатиот месец во утринските часови во нивниот дом додека сопружниците спиеле во спалната соба, додека девојчето во неговата соба. Биле пронајдени од близок роднина истиот ден околу 21 часот.

Сопружниците Поцеста речиси три децении со своите три ќерки живеле и работеле во Италија, а во родниот крај вообичаено, како и секоја година, доаѓале за време на летниот одмор.

Трите безживотни тела ги пронашле роднини, кои откако виделе дека ги нема на домашната веселба на нивен близок роднина и не се јавувале на телефонските повици, заминале во нивната куќа, влегле преку отворен прозорец со помош на скала. Шокирани од глетката ја известиле полицската станица од општа надлежност во Дебар,која потоа ја информирала Општата болница. Екипа на итна медицинска помош веднаш пристигнала, но за жал лекарот само констатирал смрт.

Извор Судство.мк