Османи: Нема ништо спорно во објавување огласи за вработување пред референдумот

Активностите на Владата на РМ не запираат кога има референдум, па така истото важи и за тоа кога се вработуваат нови лица. Ситуацијата за парламентарни, претседателски и локални избори не важи кога станува збор за референдумско изјаснување, изјави Османи.

90

Вицепремиерот на Владата и главен преговарач со ЕУ, Бујар Османи, за Телма истакна дека не се крши законската регулатива по тоа што се објавени огласи за вработување на околу 200 работни места во државните агенции, институции и администрација во период кога веќе е распишан референдумот.

– Тоа се веќе објавени огласи кои јас само ги прикажав на мојот фејсбук-профил. Се распрашав за тоа дали има некое законско прекршување и увидов дека нема ништо спорно во тоа. Активностите на Владата на РМ не запираат кога има референдум, па така истото важи и за тоа кога се вработуваат нови лица. Ситуацијата за парламентарни, претседателски и локални избори не важи кога станува збор за референдумско изјаснување – изјави Османи.

Вицепремиерот Бујар Османи на својот Фејсбук профил сподели објави од огласи за тоа каде сѐ има отворени работни места и ќе се реализираат вработувања.

Тој сподели објави за огласи за вработување во АРМ, министерства и други државни институции. Се работи за 125 места во АРМ, 3 во МОН, 34 во Централен регистар, 8 во Влада, 9 во Државен архив, 22 места во Завод за статистика и во други Осдржавни институции. Огласите деновиве се објавени и во медиумите.