Одложено рочиштето за „Монструм“, не се појави обвинетиот Азири

162

За денеска во Кривичниот суд беше закажано рочиште за случајот „Монструм“, односно убиството кај Смилковското Езеро во 2012, прво откако СЈО го презеде овој предмет.

Но, рочиштето се одложува бидејќи во судницата не се појави Фејзи Азири, кој, како што вели неговата одбрана, вчера бил хоспитализиран.

Обвинителите од СЈО истакнуваат дека тие се подготвени да го започнат судскиот процес за овој предмет. Рочиштето е одложено за 15 мај.