дома Македонија Одложена јавната седница на Апелација, Груевски и адвокатите биле на „ Насилство...

Одложена јавната седница на Апелација, Груевски и адвокатите биле на „ Насилство во Центар”

Седницата е презакажана за утре.

86

Фото: Слободен печат

Во Апелацискиот суд во Скопје денеска почна и веднаш се одложи јавната седница, на која треба да се одлучи по жалбата на поранешниот премиер Никола Груевски за пресудата во случајот „Тенк“ на СЈО за набавката на луксузниот „мерцедес“ вреден 600 илјади евра.

Причина за одложувањето на седницата е неприсуството на осудениот Груевски и неговите четворица адвокати, кои според претседателката на кривичниот совет Цветанка Перишиќ, уредно го известиле судот дека денеска ќе приствуваат на рочиштето во Кривичниот суд Скопје за предметот на СЈО „Насилство во центар“, во кое Груевски, исто така, е обвинет.

Седницата е презакажана за утре.

Во случајот „Тенк“, поранешниот премиер е осуден на две години затвор како поттикнувач за извршување на делото, додека поранешниот помошник министер во МВР, Ѓоко Поповски, е осуден на шест години и шест месеци затвор.

Поповски денеска стражарно беше донесен на седницата на советот на Апелацискиот суд од издржување на затворска казна во Шутка.