Одбележан Денот на народното востание во Гевгелија

Чествувањето на празникот го збогатија делегациите на локалната самоуправа предводена од градоначалникот Сашо Поцков, боречката организација, политичките партии и подржувачи на револуционерното дело кои положија цвеќе и оддадоа почит пред Спомен костурницата на паднатите борци во НОВ.

23

Гевгелија со пригодни празнични манифестации денеска го одбележа Денот на борецот и 77-годишнината од почетокот на вооруженото востание за ослободување од фашистичкиот окупатор.

Чествувањето на празникот го збогатија делегациите на локалната самоуправа предводена од градоначалникот Сашо Поцков, боречката организација, политичките партии и подржувачи на револуционерното дело кои положија цвеќе и оддадоа почит пред Спомен костурницата на паднатите борци во НОВ.

– Огромно значење има овој ден за историјата на Македонија затоа што претставува продолжение на вековниот стремеж и целта за која се бореа сите што ги положија своите животи. Денеска им оддаваме должна почит и им ветуваме дека нивното дело никогаш нема да го заборавиме – рече Ристо Марковски, претседател на боречката организација од Гевгелија.