дома Македонија Обвинителството бара парафински ракавици и алкотест за пукањето во Тетово

Обвинителството бара парафински ракавици и алкотест за пукањето во Тетово

Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово изврши увид на лице место на улицата 29-ти Ноември во Тетово каде што во вооружена престрелка во текот на ноќта беа повредени три лица.

36
Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово изврши увид на лице место на улицата 29-ти Ноември во Тетово каде што во вооружена престрелка во текот на ноќта беа повредени три лица.

„Мотивот за престрелката ќе се утврдува. Јавниот обвинител издаде наредби за прибирање и вештачење на трагите пронајдени на лице место, за вештачење на пронајденото оружје (еден пиштол) и муниција, како и за вештачење  на возилото пронајдено на местото на престрелката.На сите инволвирани во инцидентот ќе им бидат земени парафински ракавици заради проверка на присуството на барутни честички, а ќе се проверува и присуството на алкохол во нивната крв“, се вели во соопштението од ОЈО.