Обвинителство се уште врши увид на местото на несреќата

Портпаролката на Јавното Обвинителство, Елизабета Недановска, вели дека јавните обвинители од утринава повторно се на терен.

138

Се уште трае увидот на Јавното Обвинителство на местото на несреќата која се случи вчера на автопатот Скопје – Тетово.

Портпаролката на Јавното Обвинителство, Елизабета Недановска, вели дека јавните обвинители од утринава повторно се на терен.

– Јавното Обвинителство продолжи утринава со увидот во насока на обезбедување, прибирање, понатамошно вештачење на трагите од лице место. Кога ќе заврши увидот, обвинителството ќе излезе со информации и јавноста ќе биде известена – вели Недановска.

Таа не можеше со сигурност да каже кога ќе заврши увидот и објасни дека причината за несреќата ќе се знае кога ќе бидат завршени сите побарани вештачења.

Во сообраќајната несреќа вчера се преврте автобус на гостиварскиот превозник „Дурмо-турс“ во кој животот го загубија 14 лица а околу 40 лица беа хоспитализирани.