Обвинителство отвори постапка за тендерот за реагенси

Предистражната постапка е како резултат на објавените написи од страна на повеќе медиуми во Република Македонија во врска со неправилностите при спроведување на постапките за јавни набавки во Министерството за здравство.

232

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција поведе предистражна постапка по допрен глас, заради постоење на индиции за повреда на законот при водење на тендерската постапка за набавка на реагенси и тестови за лаборатории кој го распиша Министерството за здравство.

„Предистражната постапка е како резултат на објавените написи од страна на повеќе медиуми во Република Македонија во врска со неправилностите при спроведување на постапките за јавни набавки во Министерството за здравство. Предметот се однесува на постапката за јавна набавка за биореагенси и тестови на крв во износ од 35 милиони евра и за набавка на лекови од веледрогерија за потребите на јавните здравствени установи без тендерска постапка во износ од 24,6 милиони денари, соопштуваат од ОЈО“, се вели во соопштението.

Откако на тендерот стаса само една понуда министерот Венко Филипче рече дека ја запира постапката. Три компании за овој тендер поднесоа жалби до Комисијата за жалби по јавни набавки и таа ги прифати сите три и побара тендерот да се поништи. Команиите меѓу другото реагираа бидејќи во тендерската спецификација беа пропишани услови кои одговараа само на една компанија.