дома Македонија ОБСЕ-ОДИХР: Можни лажни вести пред референдумот

ОБСЕ-ОДИХР: Можни лажни вести пред референдумот

Законот за референдум укажува само дека „овластениот предлагач” на референдумот може формално да спроведе кампања.

71

ОБСЕ-ОДИХР излегоа со својот прв извештај во пресрет на референдумот на 30 септември.

„Повеќето соговорници сметаат дека Законот за референдум е застарен, укажаа на недостаток на експлицитни одредби во врска со кампањата, финансирање на кампањите и обврските на медиумите … и изразија загриженост во способноста на ДИК, ефективно да го регулира референдумот со ваква правна рамка, вклучувајќи го и самиот ден на референдумот. Исто така соговорниците на ОДИХР изразиле и загриженост дека точноста на Избирачкиот список може значително да влијае на интегритетот на референдумскиот процес.

Законот за референдум укажува само дека „овластениот предлагач” на референдумот може формално да спроведе кампања. ДИК оваа одредба ја толкуваше како Парламентот во целост иако останува недефинирано кој има право да води кампања – членови на парламентот или парламентарни партии.

Целосниот извештај е достапен тука.