Обновен Одделот за трансплантација на Клиниката за хематологија

Во рамките на новиот оддел почнуваат нова софистициран метод на лекување - несродна трансплантација на матични хематопоетски клетки. 

91

Од Универзитетската клиника за хематологија информираат дека целосно е обновениот Оддел за трансплантација, во чии рамки за прв пат започнуваат нова софистициран метод на лекување – несродна трансплантација на матични хематопоетски клетки. 

„Универзитетска клиника за хематологија со овој чин не само што ќе овозможи за првпат во нашата држава да биде достапен овој софистициран тераписки метод за пациентите, туку ќе биде препознаена и како еден од лидерите  во регионот на овој план. Ова е висок професионален дострел за нас како здравствени работници, нова страница во историјата на македонската хематологија како и важен чекор напред за јавното здравство на Република Македонија во целина“, се вели во соопштението.