Нинџа: Водачи на протестот беа Дурловски, Дамовски, Јовановски и Илиевски

На протестите пред „крвавиот четврток“ беа поставени фиктивни водачи, контролирани од ВМРО-ДПМНЕ. Тие беа Борис Дамовски, Владо Јовановски, Игор Дурловски, Богдан Илиевски. Почнаа протестите, а моја задача беше да ги следам и да ја известувам службата, рече обвинетиот Александар Василевски-Нинџа на денешното рочиште за крвавиот четврток.

919

На протестите пред крвавиот четврток беа поставени фиктивни водачи, контролирани од ВМРО-ДПМНЕ. Тие беа Борис Дамовски, Владо Јовановски, Игор Дурловски, Богдан Илиевски. Почнаа протестите, а моја задача беше да ги следам и да ја известувам службата, рече обвинетиот Александар Василевски-Нинџа на денешното рочиште за „крвавиот четврток“.

– Со мене беа Никола Бошковски и Дејан Димковски Боксер. Додека траеја протестите бев известен дека се организираат патриотски здруженија по што Владимир Атанасовски иницираше средби на кои се сретнав со Игор Југ и Јане Ченто. Со Игор Југ се видовме во Куманово. На средбата се сликавме за истата да биде документирана. Протестите имаа потполна логистика од ВМРО-ДПМНЕ, шалови, маици – нагласи Нинџа.