Најмалку седум патници загинале на лице место на несреќата на автопатот Скопје-Тетово

На голем дел од повредените состојбата им е животозагрозувачка и потребна е хируршка интервенција. Една од повредените патнички е бремена.

181
Принтскрин

Според неофицијални информации, седум лица загинале на лице место на несреќата откако автобусот кој ги превезувал со патниците се излетал од автопатот.

Во градската болница „8. септември“ се донесени двајца мртви, а другите се во пренесени во другите болници.

На голем дел од повредените состојбата им е животозагрозувачка и потребна е хируршка интервенција. Една од повредените патнички е бремена.

Вкупно 13 возила на итната помош од Скопје, Тетово и Куманово излегле на терен, а девет возила и по двапати се враќале за да ги превезат тешко повредените патници до најблиските ургентни центри.