Најголем дел од повредните се млади луѓе, меѓу нив и портпаролката на ЕВН

Во болницата „8 Септември“ има 4 пациенти во критична состојба и уште 3 во Клинички центар. Во текот на ноќта тројца беа оперирани во Клиничкиот центар и една пациентка во „8 Септември“.

1864

Најголем број од повредените во синоќешната сообраќајка се млади луѓе, момче на 18 години, девојче, а вкупниот број на повредени се искачи на околу 50, беше соопштено на денешната прес коференција на која зборуваат премиерот Зоран Заев и министерот за здравство Венко Филипче кои ги посетија повредените во болницата „8 Септември“.

Заев изрази сочувство до семејствата на загинатите и искажа благодарност до локалното население за укажаната помош, како и до итната помош која реагираше на професонален начин. Премиерот се заблагодари и на приватните болници „Систина“ и „Неуромедика“ кои со нивни возила ги траспортираа поведените.

Министерот Филипче рече дека  80 отсто од медицинскиот персонал во болниците за многу краток период беа на работа.

– Системот се организираше, се примија многу пациенти за кратко време, се направи тријажа и се сместија пациентите во соодветните оддели – рече Филипче.

Во болницата „8 Септември“ има 4 пациенти во критична состојба и уште 3 во Клинички центар. Во текот на ноќта тројца беа оперирани во Клиничкиот центар и една пациентка во „8 Септември“.

Во синоќешната несреќа се повредени околу 50 лица, 37 од нив се згрижени во „8 Септември“, 8 на скопските клиники и двајца во тетовска болница. Возачот во болница бил во свесна состојба, направени му се испитувања и синоќа е пуштен на домашно лекување. Утрово во 8 Септември има 29 повредени, шест се во Клиничкиот центар и двајца во тетовската болница.

Меѓу повредените е и портпаролката на ЕВН, Вјоса Селими, која има повреда на рамото и се наоѓа во добра состојба.