На протестот пред Собрание името се брани со греена ракија

962

Во Собранието на Република Македонија денеска се изгласаа четирите нацрт-амандмани за промена на Уставот согласно Договорот од Преспа.

Во исто време, пред Собранието се одржува протест против уставните измени, од граѓански организации и здруженија кои се против Договорот од Преспа.

Покрај тоа што целата улица е блокирана, може да се забележи и група граѓани кои на студеното време се загреваат со греена ракија и имаат запалено оган на јавна површина.