На ГП Богородица залепено новото име Република Северна Македонија

219

Денеска на граничниот премин „Богородица“ беше залепено новото име на државата – Република Северна Македонија.

Тоа стапи на сила во текот на вчерашиот ден, откако пристигна Вербалната нота од грчкото Министерство за надворешни работи.

 

Таблите на граничните премини на кои е напишано името на државата се планира да бидат променети во текот на денот, најави директорот на Царинската управа Ѓоко Танасоски.