Мртов маж најден на паркинг во Ново Лисиче

388

Тело на мртов маж е најдено на паркингот кај стара последна 5-ка во Ново Лисиче, информира телевизија Телма. Телото е откриено во 17.15 часот.

Мажот е струполен и се наоѓа зад автомобил паркиран на обележаните места.Првичните сознанија се дека станува збор за жител на соседната зграда.

Полицајци пристигнаа на терен и се очекува и крим техника да изврши увид. Засега нема информации за можната причина за смртта на починатиот.