Можни одрони на патиштата низ клисурите, возете внимателно

На одредени патни правци кои поминуваат низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони.

36

Сообраќајот на државните патишта во западниот дел од Македонија се одвива по наместа влажни коловози, додека на останатите патни правци коловозите се претежно суви, соопшти „ЈП Македонија пат“.

На одредени патни правци кои поминуваат низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони.

„ЈП Македонија пат“ апелира на внимателно возење и на прилагодување на брзината спрема условите на патот.