Мицкоски: Специјалци упаднале во домови на наши активисти

Тој и порача на власта дека треба да биде свесна оти може да уапси 10, 20 луѓе, но ниту една власт може да уапси цел народ.

186

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски преку Фејсбук обвини дека министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски со како што вели политички контролиран дел од полицијата  минатата недела упаднале во домови на петнаесетина активисти и отворени поддржувачи на ВМРО-ДПМНЕ.

„Со специјалци, огнено оружје во домовите на честити луѓе, домаќини, но одеднаш за соседите, и согласно употребената полициска сила стануваат сомнителни поединци за кои има „сомнеж за антидржавно делување”. Еден од нив има три деца, а можете да замислите каков надреален трилер е само за неговите малолетни деца кога специјалци вооружани прават претрес во детската соба затоа што единствен грев на неговиот татко е што мисли поразлично од власта, другиот го задржале во полициска станица зошто имал чаура зачувана од неговата свадба пред повеќе од десетина години, другиот сомнително им изгледал, а тоа според полицијата на Спасовски е тешко кривично дело во обид“, пишува меѓу дрогото Мицкоски.

Тој и порача на власта дека треба да биде свесна оти може да уапси 10, 20 луѓе, но ниту една власт може да уапси цел народ.