Мицкоски: Конвенцијата за кандидат за шеф на државата во февруари во Струга

Тој додаде дека Георгиевски били исклучителен патриот, непоправлив оптимист, но и сведок на сите историски премежја низ кои што поминала неговата татковина Република Македонија.

243

Штотуку дознав од госпоѓата Георгиевска дека сакал да ми каже да имаме конвенција за избор на претседател. Епа драг професоре, ќе имаме таква конвенција во Струга во февруари месец. И тоа беше одлука на последниот Извршен Комитет на партијата,  рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на комеморативната седница во чест на Љубиша Георгиевски во партијата.

– Мартин Лутер Кинг велеше можеме да го прифатиме конечното разочарување, но никогаш не смееме да ја загубиме бесконечната надеж. А луѓето не умираат кога престануваат нивните животи, туку живеат се додека се паметат нивните дела.
Професорот Љубиша Георгиевски беше еден од ретките интелектуални и  плодоносни синови на оваа земја кој остави зад себе неизбришлива трага која ќе се памети низ годините и децениите што следат – рече Мицкоски.

Тој додаде дека Георгиевски били исклучителен патриот, непоправлив оптимист, но и сведок на сите историски премежја низ кои што поминала неговата татковина Република Македонија. Неговата грамадна големина во битисувањето на македонската држава, неговата исклучителна љубов кон нашата земја и нашиот народ ќе биде запаметена.

-Ми велеше Бог секогаш има план. Македонија не постои за да биде уништена, туку да им пркоси на оние кои сакаат да ја уништат. „Ако понекогаш блескав, тоа е само затоа што горев“, беа негови зборови, но тој 23 ти, и секогаш порано постојано блескаше со својот карактер и големина. И ми пренесе еден негов претходен цитат, велеше – „Христијан, знам дека има многу невистини, многу напади врз тебе, но знај дека сите оние кои низ животот ми ги вадеа очите, ми ги цртаа веѓите после тоа“. Тоа е големиот професор, а ние како ВМРО-ДПМНЕ ќе го паметиме и негуваме неговото дело – порача Мицкоски.

Во негова чест ќе предложам пред органите на партијата, партиско истражувачкиот аналитички центар да го носи токму името на професорот Љубиша Георгиевски, како скромен допринос за неговото големо дело и посветеност кон партијата ВМРО-ДПМНЕ, рече лидерот на партијата.