Милиони евра и понатаму одат за привремени вработувања

Минатата година Бирото за јавни набавки објави 60 склучени договори за привремени вработувања со министерства, државни институции, комунални претпријатија, општини, образовни институции, во вкупна вредност од околу 6 милиони евра.

97

Сите политички партии додека се во опозиција ги критикуваат привремените вработувања, но на власт и тие ги применуваат, покажува досегашната практика.

Минатата година Бирото за јавни набавки објави 60 склучени договори за привремени вработувања со министерства, државни институции, комунални претпријатија, општини, образовни институции, во вкупна вредност од околу 6 милиони евра.

Завчера, пак, Бирото за јавни набавки го објави првиот склучен договор за привремени вработувања годинава. Агенцијата „Спид“ го доби тендерот што го објави Управата за јавни приходи за привремено вработување работници во  вредност од околу 150.000 евра.

Меѓу последните објавени склучени договори со агенции за привремени вработувања се оној на ЈСП за 7.000 евра, со ЈП „Чистота и зеленило – Куманово“ за 57.560 евра, со Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ за 38.730 евра, со Општина Делчево за 57.560 евра и со Министерството за правда за околу 27.000 евра.

 

Целата анализа е објавена во денешното печатено издание на „Слободен печат“