Михаел Рот: Скопје и Атина со Договорот од Преспа испишаа европска историја

Скопје и Атина испишаа европска историја, сега треба да гледаме напред, вели државниот министер за Европа на Германија, Михаел Рот, во изјава за грчката новинска агенција АНА-МПА, јави дописничката на МИА од Атина.

47

Скопје и Атина испишаа европска историја, сега треба да гледаме напред, вели државниот министер за Европа на Германија, Михаел Рот, во изјава за грчката новинска агенција АНА-МПА, јави дописничката на МИА од Атина.

– Со Договорот од Преспа, Скопје и Атина напишаа европската историја. Сега треба да гледаме напред. Ние Германците им се восхитуваме на храброста и остроумноста и сме благодарни за тоа. Загриженоста на Грците, дека преку поговорот ќе има загуби, се неосновани. Напротив, преку решавање на спорот со името по 27 години народот ќе добие многу работи. Добрососедските односи, помирување и соработка се предуслов за мир, стабилност и просперитет во двете земји, но и во поширокиот регион. Посакувам младите луѓе од Грција и Северна Македонија да се сретнат оставајќи ги предрасудите зад нив и да создадат пријателства, вели Рот за грчката новинска агенција.

Германскиот министер денеска ја заврши посетата на Атина, а се сретна со алтернативниот шеф на грчката дипломатија, Јоргос Катругалос, со поранешниот министер за надворешни работи Никос Коѕијас и со советникот за надворешна политика на грчкиот премиер, Панајотис Павлопулос.

Михаел Рот на неговиот официјален Твитер профил, му се заблагодари на Коѕијас, „еден од храбрите татковци на Договорот од Преспа” и додаде дека тоа е „историски чекор напред за Скопје, Атина и Европа”