Мета: Историски договорот меѓу Скопје и Атина

- Многу сум радосен за историскиот договор за името на Македонија. Доаѓа во долгоочекуван момент како јасна евро-атлантска перспектива за нашиот регион- оценува албанскиот претседател Илир Мета.

85

Албанскиот претседател Илир Мета го поздрави договорот за спорот со името постигнат меѓу премиерите на Македонија и на Грција, Зоран Заев и Алексис Ципрас, оценувајќи го истиот како историски.

– Многу сум радосен за историскиот договор за името на Македонија. Доаѓа во долгоочекуван момент како јасна евро-атлантска перспектива за нашиот регион. Честитки за храброста и одговорноста на политичкото раководство на Грција и на Македонија, што придонесоа за ова важно достигнување- оценува албанскиот претседател Илир Мета.

Потпишувањето на договорот преку Твитер го поздрави и премиерот Еди Рама.

– Двајцата прогресивни лидери на соседните земји денеска испишаа историја и им кажаа на ЕУ и на светот како визијата и волјата може да го надминат на минатото и да најдат простор за иднината- напиша Рама на Твитер на англиски јазик.

Постигнувањето на договорот го честиташе и шефот на дипломатијата Дитмир Бушати.

– Честитки за нашите соседи и пријатели кои постигнаа напредок со постигнување договор за прашањето за името. Со ова се отвора патот за интеграција во евроатлантското семејство не само на една земја, туку и на целиот регион. И покрај сите потешкотии, дипломатијата функционира- смета Бушати.

Албанските медиуми отстапуваат широк простор на информациите околу договорот, пренесувајќи ги изјавите на македонскиот премиер Заев, на грчкиот Ципрас, на лидерот на опозициската ВМРО ДПМНЕ, Мицковски.