Мерко повика на НАТО прослава во Струга

Забавата ќе почне во 21 часот пред хотелот Београд, каде ќе  настапат САФ, Бла Бла Бла и Маци Стојановиќ.

70

Градоначалникот на општина Струга Рамиз Мерко ги повика граѓаните вечер заеднички да ја прослават добиената покана за членство во НАТО и датум за преговори со Европската унија.

Тој денеска на прес-конференција најави дека забавата ќе почне во 21 часот пред хотелот Београд, каде ќе  настапат САФ, Бла Бла Бла и Маци Стојановиќ.

–  Без разликка на етникум, вера и нација сите сме сплотени да ја зачуваме државата не само заради европските и светските интереси за мирот и безбедноста, туку и да го зачуваме нашето родно место, град и држава, нагласи Мерко.

Заедно, додаде тој, ќе го славиме историскиот успех на Македонија.

– Македонија почнува нова приказна. Добиваме покана за членство во НАТО и датум за преговори со Европската унија. Застануваме рамо до рамо со најсилните земји во Европа и светот. Македонија зачекорува во едно ново време, време на надеж, победи и гордост. Време на сигурност и безбедност. Доаѓа време на подобар живот за сите граѓани во нашата земја. Се изборивме за сигурна иднина, рече Мерко.

Добивањето на поканата за пристапни преговори за членство во НАТО и датумот за преговори со ЕУ ќе се слави во 15 градови низ Македонија под мотото „Одиме напред, Македонија во ЕУ и НАТО“.