Меј: Гласањето за Договорот од Преспа историски момент за Македонија

Македонското Собрание вчера со двотретинско мнозинство од 81 пратеник ги усвои уставните измени, кои произлегуваат од Договорот од Преспа за решавање на спорот за името.

155
Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Позитивното гласање за Преспанскиот договор е историски момент за Македонија. Честитки до македонскиот Парламент и до Владата на премиерот Зоран Заев, напиша денеска на Твитер британската премиерка Тереза Меј.

Македонското Собрание вчера со двотретинско мнозинство од 81 пратеник ги усвои уставните измени, кои произлегуваат од Договорот од Преспа за решавање на спорот за името. Македонската страна ја исполни својата обврска од договореното, а сега на потег е грчкиот Парламент да го ратификува Договорот, со што ќе се отвори патот за интегрирање на земјава во ЕУ и НАТО.