Синоќешната вест за 14-те загинати патници гостиварци во автобуската несреќа на патот Скопје-Тетово, ги потресе жителите на првиот град на Вардар. Многумина на социјалните мрежи од синоќа, а и утрово искажуваат сочувство на роднините на настраданите.
Од кругот на семејството на еден од загинатите за МИА потврдија дека меѓу настраданите е и раководителот на Секторот за сообраќај на Град Скопје кој по работното време се враќал за дома во Гостивар.