Мас: Не сакаме други сили да ги остваруваат нивните интереси во вашиот регион

275

Германскиот министер за надворешни работи, Хајко Мас, по денешната средба со нашиот министер за надворешни работи Никола Димитров рече дека Германија го поддржува договорот постигнат меѓу Македонија и Грција.

-Ова решение е добро ние ќе го поддржуваме и натаму тој процес за влез на земјата во ЕУ. Не импресионира процесот на реформи што во последниве години се случува во Македонија. Земјата покажува резултати и треба да добие признание за тоа од целата Европска унија. Ви укажуваме да покажете решителност. Се надевам дека одлуките кои ќе се носат во иднина во однос н НАТО и ЕУ ќе бидат важен сигнал за граѓаните на вашата земја и ќе се оди во правец на европската перпектива,  не сакаме некои други сили да ги остваруваат нивните планови во вашиот регион – рече Мас во изјавата што ја даде по средбата со Димитров.

М.Ш.П.