Поранешниот шеф на кабинетот на експремиерот Никола Груевски, и ексгенерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Мартин Протуѓер, се спаси од кривичен прогон во предметот „Талир“, дознава „Макфакс“ од обвинението кое е доставено до кривичниот суд во Скопје. За него кривичното дело има апсолутна застареност и не може кривично да се гони.
Протуѓер во периодот од 2009 до 2012 година, како овластен потписник на редовната жиро-сметка на партијата, иако не смеел, пуштал во натамошен оптек пари кои биле уплаќани од фалш ПП10 уплатници, како донации и членарини.
Повеќе прочитајте тука.