Македонска Каменица ќе добие Дневен центар за деца со интелектуална попреченост

Во таквите објекти од социјална заштита, дел од времето го поминуваат деца со интелектуална попреченост, под надзор на стручни лица.

36
фото: МИА

Македонска Каменица ќе добие Дневен центар за деца со интелектуална попреченост. Од Министерството за труд и социјална политика денеска информираа дека дневниот центар ќе биде отворен утре, а на пуштањето во употреба на објектот ќе присуствува и министерката за труд и социјална политика Мила Царовска.

Во неколку градови од Македонија постојат вакви дневни центри за деца со интелектуална попреченост. Во таквите објекти од социјална заштита, дел од времето го поминуваат деца со интелектуална попреченост, под надзор на стручни лица.