И Македонија е меѓу лицемерите за промената на границите, изјави Дачиќ

643

Шефот на српската дипломатија, Ивица Дачиќ, порача дека треба им биде срам на оние лицемери што денес говорат дека нема да има повеќе промена на границите. Дачиќ истакна дека ова важи и за Македонија, која се сетила дека нема да има промена кога претходно ја поддржала независноста на Косово.

„Тие ја срушија нашата граница и сега се сетија дека немаат прометна граница. Ја отворивте Пандорината кутија и нема повеќе што да се говори за тоа. Како не ви е срам, лицемери едни? Тоа важи и за Македонија. Го признавте Косово, а сега кога мечката заигра во вашиот двор, велите дека нема промена на границите“, нагласи Дачиќ на заедничката прес-конференција со портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, која се наоѓа во Белград.

„За која граница зборувате, за границата на Косово и Србија, а кој ја верификува таа граница? Тие што помогнаа Косово да стане независно сега говорат дека нема промена на границите“, критикува Дачиќ.

Министерот истакна дека нема земја што повеќе се залага за српските интереси од Русија и додаде дека не верува оти може да дојде до какво било решение ако за тоа не се запознаени нивните стратешки партнери во Москва. (Макфакс)