дома Македонија Локализиран пожарот во „Сувенир” од Самоков

Локализиран пожарот во „Сувенир” од Самоков

Експлозијата во фабриката, настана од засега се уште непознати причини. Во полицијата е пријавена денеска во 16.10 часот.

43

Локализиран е пожарот што настана по експлозијата во наменската фабрика „Сувенир“ во Самоков и состојбата е стабилизирана, информира портпаролот на СВР Битола Сања Стаматова.

Според неа, полицијата во моментов е на теренот, а во гаснењето на пожарот се ангажирани противпожари екипи.

Експлозијата во фабриката, настана од засега се уште непознати причини. Во полицијата е пријавена денеска во 16.10 часот.

Од СВР Битола велат дека нема ниту повредени, ниту загинати во експлозијата.