Коѕијас: Северна Македонија, добредојде во нашиот живот!

239
Фото: МИА

Поранешниот министер за надворешни работи на Грција, Никос Коѕијас, кој заедно со македонскиот министер Никола Димитров го потпиша Договорот од Преспа го поздрави изгласувањето на уставните измени во македонското Собрание. Тој напиша дека се слушнал со премиерот Заев и со Димитров.

– Зборував со Зоран и со Никола. Се потсетивме на тешкотиите, заморот, тензиите, довербата и надежите што ги имавме, работејќи на договорот. Сонувавме за заедничка иднина на двата народа. Северна Македонија, добредојде во нашиот живот. Историјата мора да биде лекција, а не затвор”, напиша Коѕијас на неговиот Твитер профил.