Кочан доби 6 години затвор, 3 години за Авировиќ во „Труст”

Василије Авировиќ, кој не дојде на изрекување на пресудата со образложение дека не се чувствувал добро, за истото дело судијката Лидија Зимбовска го осуди на 3 години затвор.

317
Фото: Борче Поповски

Бизнисменот Сеад Кочан за кривично дело „Злоупотреба на постапката за јавен повик, доделување на договор за јавна набавка или јавно-приватно партнерство“, во скопскиот Кривичен суд е осуден на казна затвор од 6 години во предметот на СЈО „Труст“.

Василије Авировиќ, кој не дојде на изрекување на пресудата со образложение дека не се чувствувал добро, за истото дело доби 3 години затвор.

Тие се осудени за добивање на незаконски тендер од 2011 година распишан од државната фирма „Електрани на Македонија“ (ЕЛЕМ) за ископување јаловина и јаглен од рудникот Суводол во Битола. Здружени во конзорциум, тројцата доставиле фалсификувани документи за сопственост на механизација и за кадровска екипираност и така го добиле тендерот на ЕЛЕМ вреден 1,06 милијарди денари или 17.235.772 евра.