Со клоци нападната медицинска сестра на КАРИЛ

Пред неколку години роднина на починат пациент го застрела лекарот на Клиниката за абдоменална хирургија кој го оперирал пациентот.

1369

Семејство на пациент кој починал ноќеска на КАРИЛ во Клиничкиот центар, со клоци нападнале медицинска сестра и се заканувале по нејзиниот живот.

Од Клиниката потврдуваат дека медицинската сестра била физички нападната и велат дека нема некои посериозни повреди, но сепак е многу вознемирена. Министерот за здравство Венко Филипче, ќе одржи вонредна прес-конференција за настанот.

Од полицијата се уште нема информација за инцидентот.

Пред неколку години роднина на починат пациент го застрела лекарот на Клиниката за абдоменална хирургија кој го оперирал пациентот.