Кирацовски: Вербата во подобро утре нѐ води на вистинскиот пат на меѓусебно почитување и разбирања

Празниците се денови кога се потсетуваме на големината на универзалните човекови вредности како што се толеранцијата, меѓусебното почитување, помагање и разбирање.

24

По повод празникот Курбан Бајрам, генералниот секртар на СДСМ Александар Кирацовски упати честитка до до сите граѓани кои го празнуваат денешниот празник и до поглаварот на Исламската верска заедница во Македонија, Реис Ул Улема Хаџи Сулејман Ефенди Реџепи.

„Празниците се денови кога се потсетуваме на големината на универзалните човекови вредности како што се толеранцијата, меѓусебното почитување, помагање и разбирање. Нека овој празник не потсети дека правењето добри дела, солидарноста, хуманоста, грижата на оние на кои им е потребна, нѐ прави нас подобри луѓе, а светот подобро место за живеење.

Празнувањето на Курбан Бајрам е составен дел од нашето општество и традиција, со кое што покажуваме почит и разбирање кон вредностите на нашето општество и афирмација на потребата од меѓусебно почитување и разбирање, бидејќи тоа е од интерес на сите граѓани и идни поколенија.

Нека вербата во подобро утре нѐ води кон вистинскиот пат, нека почитта и меѓусебното разбирање бидат нашата определба, без разлика на религиозната, етничката или каква било определба.

Само сите заедно сплотени можеме да имаме едно општество во кое сите граѓани се еднакви.

Нека е честит празникот Курбан Бајрам!“