Кејт Мари Бурнс кандидат за нов амбасадор на САД во Македонија

Претходно била заменик-шеф на мисија и заменик- постојан претставник на Мисијата на САД во ОБСЕ во Виена, Австрија.

226
Фото Принтскрин Гугл 360

Претседателот на САД Доналд Трамп ја номинираше Кејт Мари Бурнс за нов амбасадот во Република Македонија. Кандидатурата треба да биде одобрена од Сенатот на САД.

Според соопштението од Белата куќа, Кејт Мари Бурнс е дипломат од кариера и доаѓа од Атина каде од септември 2017 година што ја вршела функцијата заменик-шеф на Мисија во амбасадата на САД во Атина.

Претходно била заменик-шеф на мисија и заменик- постојан претставник на Мисијата на САД во ОБСЕ во Виена, Австрија.

Таа ќе го замени актуелниот амбасадор Џес Бејли, исто така дипломат од кариера, кој на оваа функција беше номиниран од претходниот американски амбасадор Барак Обама во 2014 година.