Ќе се разгледуваат одбиените апликации од конкурсот за проекти од културата

Одлуките за сите одбиени апликации ќе бидат поништени, и по нивното повторно разгледување, доколку се утврдат недоследности, листата на поддржани проекти од национален интерес ќе биде дополнета, соопштија од министерството.

25

Денеска со почеток во 10 часот во просториите на министерството за култура,  ќе започнат со работа сите стручни комисии по одделни дејности кои ќе имаат задача повторно да ги разгледаат сите апликации кои беа одбиени на годишните конкурси на министерството за култура за 2019 година.