Катимерини: „Илинденска Македонија“ е предлог на ПЈРМ

Очигледно ова решение не е дефинитивно бидејќи слични имиња беа ставени на маса во соседната земја и во неодамнешно минато...

373
Принтскрин

Според грчкиот весник „Катимерини“, предлогот Република Илинденска Македонија доаѓа од македонската страна. Според информациите со кои располага весникот, премиерот Зоран Заев го предложил ова име за време на средбата со неговиот грчки колега Алексис Ципрас.

„Очигледно ова решение не е дефинитивно бидејќи слични имиња беа ставени на маса во соседната земја и во неодамнешно минато (на пример, Крушевска Македонија). Исто така, не е јасно дали Атина го прифаќа ова име и е основа за дискусија за можно решение или, пак, тоа е само потег на македонската Влада за преговорите да добијат реален импулс“, пишува весникот.

Принтскрин

Тие наведуваат дека во текот на овој викенд, Ципрас ќе ги информира претседателот и политичките лидери за разговорите што ги имал со македонскиот премиер, коишто на маргините на Самитот ЕУ Западен Балкан, траеле и во доцните ноќни часови.

Премиерот Заев, по средбата со грчкиот колега, посочи дека е воспоставено цврсто пријателство меѓу двете соседни држави, но и дека решението ги задоволува предусловите за јазикот, идентитетот и опсегот на употреба.