Канческа-Милевска до ВМРО-ДПМНЕ: Предавници се они кои бегаат и не нудат решенија

340

Во образложувањето на еден од амандманите на уставните амандмани предложен од независните пратеници на ВМРО-ДПМНЕ, кои Владата не го прифати, Елизабета Канческа-Милевска рече дека тој амандман го поднеле за сегашната, а и минатата власт да го објаснат процесот на преговорите со Грција.

-Поднесениот амандан е многу јасен и прецизен и се однесува називот Република Северна Македонија да се употребува само за меѓународна употреба. Сакаме да слушнеме зошто не било возможно ова да се постигне и зошто мораше да се прифати ерга омемес.

Исто така, сакавме да слушнеме и од ВМРО-ДПМНЕ, бидејќи во минатото и нивни претставници учествуваа во преговорите. За жал, тоа од нив не го слушнавме ни во минатото, а нема ни денеска бидејќи не се тука. Сметаме дека граѓаните заслужуваат објаснување од двете страни. Со нивната одлука уште еднаш на дело ја потврдија лажната политика и лажниот патриотизам. Потврдија дека сакаат сето ова брзо да се заврши, тоа друг да го заврши, и потоа на прес конфернција да ги набројаат со име и презиме предавниците, нешто што не одговара на една државотрворна партија.

Предавници не се чуствуваме во ниту еден момент. Предавници се они кои бегаат и не нудат решенија. Нешто што можеа да направат е барем они да го поднесеа овој амандман или да ни дадоа оваа поддршка. Со тоа барем нешто ќе останеше како нивна заложба. Иако сме мал број на претеници на опозицијата кои се одваживме и земавме учество и ангажман, да го подобриме овој Договор и да го потврдиме и зачуваме македонскиот идентитет и јазик. Успеавме да ги надминеме навредите и заканите, исправено и гордо, задржувајќи ја човечноста.

Во оваа прилика сакам да се заблагодарам на моите колеги кои активно беа вклучени во овој процес. Раководството на ВМРО-ДПМНЕ ако сакаше да го блокира овој процес, активно ќе работеше на тоа. Но, ВМРО-ДПМНЕ длабоко верува дека ова е последна шанса за Македонија, и сака некој друг да биде крив, само не раководството на партијата, рече Канческа-Милевска.