Каменос: Единствената разлика во коалициската влада е името на Македонија

102

По завршувањето на состанокот на пратеничката група на Независни Грци, што помина без изјави за медиумите, лидерот на партијата и коалициски партнер во владата се огласи преку неговиот официјален Твитер профил, јави дописничката на МИА од Атина.

-Единствената наша разлика во коалициската влада е името на Македонија. Останатите работи се решаваат парламентарно. Прашање за доверба не постои, освен ако тоа се поврзе со Договорот од Преспа, каде ќе се донесат одлуки од органите на Независни Грци и ќе го известам премиерот, напиша Панос Каменос.

Според грчките медиуми, Каменос го одложил и интервјуто закажано за вечерва за грчката телевизија Стар.

Како што претходно објави МИА, лидерот на Независни Грци во разговор со новинарите рече дека средбата со Ципрас е одложена „додека не се тргне блокадата што постои во ПЈРМ”.