Јанкулоска: Уживај, цел врв на МВР ми е во Куманово

1551

Стотици повици дневно во екот на изборите во 2013 година добивале поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска и поранешниот министер за транспорт, Миле Јанакиески од членови на ВМРО-ДПМНЕ кои пак, од А до Ш ги кодошеле своите сопартијци поради наводна непартиска послушност.

Извесна членка на ВМРО-ДПМНЕ му се жали на Јанакиески дека некоја жена не можела да работи оти одела на литургија, друг пак кај Јанкулоска кодоши дека дознал дека имало тајни печатници во Липково, а трет пак, се жали дека не добивал на време списоци.

Во еден од разговорите Јанкулоска го убедува соговорникот дека се е ОК, дека најаката екипа ѝ била пратена во Куманово и сите таму ѝ биле на терен

– Уживај, цел врв на МВР ми е во Куманово – смирено го убедува Јанкулоска соговорникот.